Стејт департментот одобри продажба на тенкови и ракети за Тајван, Кина загрижена

Од:

Американскиот Стејт департмент одобри евентуална продажба на Тајван на тенкови „М1А2Т Абрамс“, на ракети „Стингер“ и на дополнителна опрема, во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди долари, соопшти синоќа Пентагон.

Западните агенции веднаш потсетија дека кинеското Министерство за надворешни работи уште минатиот месец, кога за првпат се појави веста за можната продажба, соопшти дека е сериозно загрижено за продажбата на американско оружје на Тајван, земја која Кина ја смета за дел од својата територија.

„Продажбата на оружјето на барање на Тајван, во кое се вклучени 108 тенкови „М1А2Т Абрамс“ и 250 ракети „Стингер“ нема да ја измести основната воена рамнотежа во регионот“, соопшти Агенцијата за соработка во одбранбената безбедност на Министерството за одбрана на САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија