А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Комисијата за политички систем следната недела ќе ги разгледува измените на Законот за празниците

by А1он08/07/2019 - 14:42305
Share0

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска не го разгледуваше Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за празниците, поднесен од пратеници од сите пратенички групи. Претседателот на Комисија, Александар Кирацовски на крајот од седницата кажа дека измените на овој Закон ќе се разгледуваат на истата седница, која треба да продолжи следната недела.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пред да бидат разгледани на оваа Комисија, за Предлогот треба да расправа Комитетот за односи меѓу заедниците, но ова собраниско тело се уште нема закажано седница.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска го разгледаа Годишниот извештај за работата на Советот за јавни обинители на Република Северна Македонија за 2019 година. Пратениците изнесоа забелешки за содржината на Извештајот посочувајќи дека тој содржи само статистички податоци и оти во него нема аналитички пристап за тие да добијат комплетна слика за работата на Советот и на обвинителите во целина. Најголем дел од нив сметаа дека извештајот е сличен на оној од 2017 година.

Коле Штериев, претседателот на Советот повикувајќи се на изрека на старите римјани, меѓу другото кажа дека, „формата е содржината“ и оти Годишниот извештај бил прифатен од страна на членовите на Советот, дообјаснувајќи притоа одредени детали на прашања на пратениците.

Следете a1on на Youtube YouTube

Снежана Калеска Ванчева од СДСМ кажа дека од извештајот се гледа дека „не мрднале многу работите“ во Советот во споредба со 2017 година и посочи дека во одноредени обвинителства, како на пример во Крива Паланка се уште нема избрано обвинители. Тој не се согласува дека Советот доставил Извештај од кој не може да се види нивната работа.
Штериев, на нејзиното, а подоцна и на прашања на пратеници од опозицијата, објасни дека недостасуваат обвинители и оти нивната проекција е дека во земјата има потреба од 238 обвинители а се пополнети само 190 места. Проекцијата на Советот е дека во наредните две години ќе има потреба од 65 нови обвинители, не земајќи предвид каков ќе биде решението за Специјалното јавно обвинителство. Во 2018 година биле избрани 25 нови обвинители. Дополнително, за некои обвинителски места како во Крива Палнка или Берово немало кандидати. Штериев кажа и дека после три години во август треба да излезат нови обвинителски кадри од Академијата за судии и обвинители.

Во 2018 година, Советот постапувал по вкупно 201 претставки, што во однос на 2017 година кога биле евидентирани 166 претставки е зголемување на обемот на работа за 35 претставка или 24 отсто.

Од вкупно 201 претставки, 178 се претставаки од граѓани, 165 претставки поднесени се од оштетени, осум се обвинети и пет се од други субјекти.

Вo 62 случаи претставките се однесуваат на работата на конкретни јавни обвинители, а во 139 претставки е изразено незадоволство од работата на Јавните обвинителства.

Пратениците забележаа и дека во Извештајот не е наведено за кои јавни обвинители се однесуваат овие 62 претставки. Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ се интересираше и колку дисциплински постапки поднел Советот за работата на обвинителите, на што Штериев кажа дека Советот нема ингеренции за поведување вакви постапки. Претседателот на Советот на јавни обвинители истакна и дека врз основа на поднесените претставки немало причина за барање за разрешување на обвинител.

Советот, според него, дали мислења за некоја од верзиите за законите кои се однесуваат на нивната работа, но оти не е информиран дали и колку се тие прифатени.

И покрај се, додаде тој, недостатокот на кадар и условите кои кои работат обвинителите, нашата работа е завршена.

– Државата треба да се запраша дали и каков Совет на обвинители ни треба, рече Штериев одговарајќи на прашање на Нада Ципушева од ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата на Комисијата за политички систем не беше прифатен предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за прекршоци.

praznicisobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто