Ќе се реставрира „Ноќната стража“ на Рембрант

Од:

Холандскиот музеј Ријкс во Амстердам денеска почнува со реставрација на сликата „Ноќната стража“ на славниот сликар Рембрант ван Рејн.

Обновувањето на сликата ќе се пренесува и на интернет, а станува збор за „истражувачки труд и за најобемна и најкомплетна реставрација на Рембрантово ремек-дело во историјата”, соопштија од музејот.

Холандскиот уметник Рембрант (1606-1669) ја изработил сликата во 1642 година по нарачка на началникот на Градската стража на Амстердам, Франс Банинг Кок. Сликата е висока 3,8 метри, долга 4,5 метри и тежи 337 килограми. Повеќепати била реставрирана, а последниот пат по инцидент во 1975 година, кога вандал ја оштетил со нож.

Пред извесно време, од музејот забележале дека во некои делови сликата почнува да ја губи бојата, особено околу оштетените делови претходно.

– Последниве години забележавме дека сликата бледее на долниот крај. Ние ќе се обидеме да откриеме за што станува збор, за што подобро да биде реставрирана. Тоа може да трае и со години, објасни директорот на музејот, Тако Дибиц кога во октомври го најави обновувањето.

Уметничкото дело беше централен експонат на изложбата организирана по повод 350-годишнината од смртта на познатиот холандски сликар.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска