Украдена гласачка кутија во атинска населба

Од:

Непознати и маскирани лица влетале во гласачко место во атинската населба Ексархија што важи за населба- собиралиште на анархистите и украле гласачка кутија, кусо по завршувањето на гласањето.

Откако ја украле гласачката кутија, фрлиле пиротехнички материјали и побегнале.

Неофицијално, според грчките медиуми, на централниот плоштад во Ексархија, маскираните лица ги запалиле гласачката кутија и гласачките ливчиња.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, 40тина минути по затворањето на гласачките места, во Ексархија се забележува големо полициско присуство.

За сега, нема информации за приведени или уапсени лица.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски