12 најспоменувани кардинали за Папа

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]„Папабилни“ кардинали се кардинали со најголеми шанси за преземање на катедрата на римскиот бискуп. Според хрватскиот портал „Дневник“, во светските медиуми најмногу се споменуваат следниве кандидати:

Ангело Скола, 71-годишен италијански кардинал од 2003-та година. Од 2002-та до 2011-та беше венецијански кардинал, а во последните две години е на чело на миланската архиепископија, најголемата во Италија. И на минатиот избор за папа, тој беше „папабилен“. Од венецијанската и миланската Архиепископија беа последните три папи (Иван XXIII, Павле VI, Иван Павле I). Италијанските кардинало сметаат дека Скола е најверојаниот кандидат. Со богато пасторско искуство, Скола е и член на неколку ватикански конгрегации. Тој има импресивно „портфолио“ кој вклучува позиција ректор на латеранскиот универзитет. Припадник е на конзервативната струја.

Џианфранко Раваси, 70-годишен италијански кардинал од 2010-та година. Во последните пет години претседател е на Советот за култура на Папата. Тој го вратил Ватикан и Црквата на местото кое некогаш им припѓало во високата култура. Медиумите пишуваат дека се работи за еден од најобразованите кардинали, кој е одличен во комуникацијата со широката култура, меѓутоа минус му е тоа што нема пасторско искуство. Тој е еден од умерено конзервативните членови на Кардиналскиот колеџ и може да биде мост помеѓу конзервативните и прогресивните во Ватикан, но прашање е дали „класичен европски интелектуалец“ ќе е посакуван да биде на чело на Црквата.

Питер Турксон, 64-годишен кардинал од 2003-та година од Гана, кој веќе 48 години е поставен за архиепископ на Кејп Коаст, централна Гана. Пред три години е именуван за лидер на Советот за правда и мир на Папата, а член е на неколку конгрегации и папски совети. Тој е единствениот афрички кардинал кој е „папабилен“, и е еден од либералните кардинали. Ватиканистите го сметаат за многу скромен и отворен човек со префинета смисла за хумор. По отказот на Бенедикт XVI, даде интервју за британските медиуми каде говорел што би презел ако биде Папа, со што го прекрши непишаното правило против самопромоција и си ги намали шансите за избор.

Леонардно Сандри, 69-годишен аргентински кардинал од 2007-ма година, кој во последните шест години е на чело на Конгрегацијата на источната Црква. На јавноста е познат како ватикански офицер. Тој е член на уште неколку ватикански конгрегации и папски совети. Родителите му се италијански иселеници, што геополитички го прави идеалниот кандидат. Најголемиот недостаток веројатно му што нема никакво пасторско искуство, затоа што целата кариера е во дипломатската или раководителната служба. Доколку за новиот Папа е потребен одличен административец или оперативец, Сандри е изборот.

Оскар Марадиага, 70-годишен кадринал од 2001-ва година од Хондурас, е веќе 20 години архиепископ во главниот град, Тегуцигалпа. Тој и на минатиот избор беше „папабилни“, а многумина е најистакнатиот латиноамерикански кандидат, кој имено е прогресивец. Како скоро секој јужноамерикански прелат, осетлив е на социјална неправда и страствен во борбата против. Поголемиот дел од медиумите го доживуваат како ѕвездата на Црквата од Латинска Америка. Тој е ватикански претставник во односите со ММФ и Светската банка. Говори пет јазика и веројатно има најбогато искуство со меѓународните односи од сите кардинали.

Одило Шерер, 63-годишен бразилски кардинал од 2007-ма година, кој истата година е архиепископ во Сао Паоло, најголемата бразилска епархија и една од најголемите во светот. Се смета за припадник на умерените во Црвката. Тој е син на германски иселеник. Има искуство во римската административна служба од 1994-та до 2001-ва година во Конгрегацијата за архиепископи. Бразил е една од најголемата католичка земја на светот, но се соочува со пад на бројот на верници, па медиумите сметаат дека изборот на бразилски Папа може да оди во спротивен правец. Според аналитичарите, најголемиот минус ми е што е релативно млад, а и можноста поради родителите да го сметаат за втор германски папа по ред.

Јоао Браз Де Авиз, 65-годишен бразилски кардинал од 2012-та година, е старешина на Конгрегацијата за институциите на посветен живот од 2011-та година. Пред тоа, седум години беше архиепископ во Бразилија. Додека бил млад свештеник наидол на вооружана кражба каде од залетан куршум бил тешко ранет, поточно бил погоден во цревата, бел дроб и имал оштетно око. Иако, како што пишуваат медиумите, донел свежина во ватиканската служба, токму фактот што е релативно „свеж“ може да представува пречка.

Марк Оуелет, 68-годишен канадски кардинал од 2003-та година, според аналитичарите е најголемиот фаворит по Скола. Од 2002-ва до 2010-та година беше архиепископ во Куебек, а потоа е именуван за лидер на Конгрегацијата за архиепископи. Конзервативецот Оуелет во последните три години имаше главна улога во именување на епископи и архиепископи. Го опишуваат како понизен и срдечен интелектуалец и полиглот. Минус ми е тоа што неговото управување со куебечката архиепископија не е оценето за успешно, затоа што не успеал да го спречи падот на бројот на католици. Во интервју во 2011-та година рекол дека за него позицијата Папа би била „кошмар“, наблудувајќи ја одговорноста и работата на Бенедикт XVI.

Тимоти Долан, 62-годишен американски кардинал од 2012-та година, кој од 2009-та година е њујоршки архиепископ, а пред тоа седум години бил архиепископ во Милваукеџа. Претседател е на американската ариепископска конференција. Магазинот „Тајм“ го прогласи за еден од 100 највлијателните луѓе на светот во 2012-та година. Медиумски е многу експониран и одличен говорник, кој имено е црвст конзервативец. Минатата година држеше говор на тема нова евангелизација пред Кардиналскиот совет и ги импресираше сите, дури и Папата. Американските ватиканисти велат дека е првиот правилен „парабилни“ американски кардинал. Го опишуваат како срдечен, гласен и весел, кој одлично се вклопува во Њу Јорк, но прашање е дали ќе се вклопи во Ватикан, а и наводно италијанскиот јазик не му е течен. Минус му е националноста, затоа што се уште постои воздржаност за можноста Папата да доаѓа од суперсила.

Кристоф Шоенборн, 68-годишен австриски кардинал од 1998-ма година, е потомок на едно од водечките аристократски фамилии на Хабсбуршката монархија. Тој е бечки архиепископ од 1995-та година. Овој доминиканец е еден од ретките кардинали кој од почеток се противеше на прикривање на педофилските скандали во Црквата и бараше темелна истрага. Тој и во 2005-та беше сметан за „папабилен“. Го опишуваат како прагматичар, урбан, храбар, интелегентен и близок до умерените. Во 2010-та година започнуваше полемика во Црквата поради контраверзната „приватна “ посета на Меѓугорја, што не беше најавено до локалниот архиепискот Перич. Тој потоа се извина тоа. Предност му е богатото пасторско искуство и веројатно е најјакиот европски кандидат надвор од Италија. Како минус му е падот на верници во Австрија и некои лоши административни потези.

Петер Ердо, 60-годишен унгарски кардинал од 2003-та година, кој е конзервативец и воедно најмладиот член на Кардиналкиор совет се до 2010-та година. Тој бил на чело на острогонско-будимпештанската ариепископија од 2002-та година. На 47 години бил назначен за епископ, веќе на 50 години бил архиепископ, а на 51 година е прогласен за кардинал. Веќе извршил два петгодишни мандати на чело на Европската архиепископска конференција, што значи дека е меѓу европките кардинали, а тие на изборите уживаат најголем престиж. Припадник е на црква која била најжестоко прогонувана во комунизмот. Две години се состанувал редовно со европски и афрички епископи, што значи и на тој континет ужива добро мислење. Много кардинали мислат дека е премлад за Папа, а се пишува дека и не се снаоѓа добро во односите со медиумите.

Луис Тагле, 55-годишен филипински архиепископ на Манила од 2011-та година, а за кардинал е именуван пред четири месеци. Меѓутоа, на 44 години е назначен за епископ на Имуса, каде ги нагостувал просјаците во епископскиот двор. Го опишуваат како харизматичен, вешт говорник, а во неговата земја велат дека има „ум на теолог, душа на музичар и срце на пастор“. Припаѓа на умерените, но велат дека ги разбира современите идеи и дека е човек на Црквата за 21-от век. Тој иако е млад има доста искуство во квалитетно управување со големи епархии. Но, годините сме му најголемиот минус и многу кадринали велат дека ќе биде одличен Папа, еден ден.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска