Во Галичник почнува со работа летната патронажна медицинска служба

Од:

Летната патронажна медицинска служба во Галичник почнува со работа денеска и секој петок во наредните три месеци ќе ротира во овој регион.

Лекар и медицинска сестра од Здравствениот Дом Ростуше, еднаш неделно во периодот од 9 до 14 часот на жителите ќе им ја пружат потребната здравствена заштита и нега, како мерење на шеќер, притисок, ЕКГ, преврски и давање на ампуларна терапија, соопшти Министерството за здравство.

– Жителите на Галичник, како и посетителите кои имаат потреба од лекарска помош можат директно да се упатат во амбулантната просторија во Вила Доста. Препорачливо е со нив да носат здравствена легитимација, исто како кога одат кај својот матичен лекар, изјави директорот на Здравствен Дом Ростуше, Омер Дурмиши.

Преку овој мобилен сервис се доближуваат услугите поблиску до граѓаните.

Кочани е првата општина, која минатата година почна со имплементација на моделот интегрирана здравствена и социјална заштита, во кој граѓаните од оддалечените места, руралните средини добиваат здравствена заштита во домот.

Патронажната служба ги покажува своите позитивни резултати. Светската здравствена организација ги оцени интегрираните услуги за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за поттикнување на унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мечки превртуваат контејнери во Галичник барајќи храна: Жителите исплашени да не бидат нападнати

A1on

Овој викенд ограничено движење со моторни возила за Галичка свадба

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска