Лондонски Арсенал реши преку изградба на статуа да му се оддолжи на Денис Беркамп, за сето она што тој му го пружа на тимот од Лондон, во текот на својот престој во оваа екипа.
Поранешниот напаѓач на „топџиите“ ќе биде овековечен со фотографија од 2003-тата година во мечот против Њукасл, како со двете нозе во воздух ја прима топката. Беркамп ќе им се придружи на тројцата великани, Тиери Анри, Тони Адамс и Хербер Чепмен, кои веќе имаат свои статуи пред „Емирати“.
Беркамп во Арсенал помина 11 сезони во кои три пати ја освои титулата во Премиер-лигата, како и четири трофеи во ФА-Купот.