Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по пропустот при изведба на македонската химна од Тамара Тодевска на синоќешната прославата на Денот на независноста на САД, 4 Јули.
We have deep respect for the traditions, history, heroes, and future of our friend, partner, and ally North Macedonia. We understand that mistakes can unintentionally happen in emotional moments, but thank our singers for their beautiful performances.
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) July 4, 2019
„Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.
Претходно пејачката Тамара Тодевска се извини за пропустот при изведувањето на химната. Таа ја отпеа химната без делот каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.