ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните тендери и грантови се главна одлика на оваа влада

Од:

„Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев ја зароби Република Македонија и како заложник ги држи нејзините граѓани. Криминалните тендери и грантови, се главна одлика на оваа криминална влада.

Додека граѓаните се борат да го преживеат месецот, нивните чесно заработени пари преку давачките кон државата завршуваат во џебовите на партиски и државни функционери кон кои Зоран Заев исплаќа концесии.

Криминалните тендери и грантови, партиските и непотистичките вработувања се валутата со која Зоран Заев тргува за да остане на власт, на штета на граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само последен во низата е корупциски скандали е оној на со тендерот за набавка на радарска опрема за потребите на М-НАВ. На граѓаните од денот кога свиркачи го разоктрија овој скандал им одекнуваат зборовите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски „Leonardo will win“.

ОЈО мора да реагира и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со аболицираниот Заев.

Очигледно е дека криминалната Влада ги кочи реформите во државата и дека со оваа власт нема да има ниту п од правдата која ја ветуваше Заев. Не важи повеќе понудата на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Владата за наше побрзо интегрирање во Европската Унија со оглед на криминалот и корупцијата во кој е заплеткана оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ само ќе лобира за добивање датум за преговори час поскоро во интерес на граѓаните.

Она што е добра вест за граѓаните е дека сите анкети укажуваат на тоа дека следната Владата ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните парламентарни избори кога и да тие се случат. Кога Зоран Заев ќе си замине од власт, во Македонија ќе се врати правдата и ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот и оние кои во овие моменти го штитат криминалот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ