Словенија мора да врати 286.000 евра во буџетот на ЕУ

Од:

Словенија во европскиот буџет мора да врати 286.000 евра неправилно искористени средства за земјоделството, објави Европската комисија.

На ниво на цела ЕУ треба да се вратат 414 милиони евра поради неоправдани расходи за земјоделството.

Според ревизорскиот извештај за 2011 година, Словенија на подрачјето на регионалниот развој и структурните политики има проблеми и недоволно ефикасно ги користи средствата. При трансакциите доаѓа до грешки, многу проблеми со почитување на правилата за јавни набавки, а за финансирање на истражувачките проекти нема права контрола, ниту побараните средства секогаш можат да се оправдаат, изјави Милан Цвикл, словенечки член на европското ревизорско тело, во кое членуваат претставници на сите 27 земји-членки на ЕУ.

Цвикл наведе дека ревизијата за 2011 година покажала дека 3,9 отсто или околу пет милијарди евра од средствата од европскиот буџет на ниво на цела ЕУ биле неправилно исплатени.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг