Јанко Вебер на чело на словенечкиот Парламент

Од:

Словенечкиот парламент денеска за нов претседател го изгласа Јанко Вебер од Социјалните демократи (СД), наместо Грегор Вирант, кој поднесе оставка откако неговата Граѓанска листа (ГЛ) излезе од Владата на Јанез Јанша.

„За“ Вебер гласале 52 пратеници, а 34 се изјасниле „против“. Словенечките пратеници вечер ќе гласаат за предлогот за мандатар на влада да се именува Аленка Братушек од Позитивна Словенија (ПС), со што би било изгласана недоверба на премиерот Јанша и неговата влада.

Доколку Братушек биде избрана, за што се потребни 46 гласови (од вкупно 90) таа ќе се обиде да формиа влада во која покрај нејзината партија би биле и СД и двете партии кои ја напуштија владата на Јанша – Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС) и ГЛ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг