(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски се профилира како извор на лажни вести, шурува со луѓе кои jа загрозиле безбедноста

Од:

„Христијан Мицкоски се профилираше како главен извор на лажни вести и невистини. Последната конструкција нарачана и спроведена од кујните во белиот дворец и нивните курири, e целосно разоткриена, нема никакво местење тендер за опремата на М-Нав, тоа е уште една од многуте лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ .

Фактите за овој случај ги потсетија граѓаните за неспособноста на ВМРО-ДМННЕ, непотизамот и нивните сомнителни шеми“, рече Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„Над пет и пол години ВМРО-ДПМНЕ не била способна да обезбеди нова опрема за македонското небо.

Се одело до таму во неодговороноста, да биде загрозена безбедноста на граѓаните, безбедноста на нашето небо.

Меѓу оние коишто директно се поврзани во овој случај е и таткото на Никола Поповски, поранешниот министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и потписник на јавната набавка.

Денес, истата таа ВМРО-ДПМНЕ шурува со луѓето кои ја ставиле на ризик безбедноста на граѓаните, креира случаи и шири лажни вести.

По сите искажани невистини, по сите демантирани лаги, по сите измислици, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и јавно да се извини за сите изнесени невистини.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште должат одговори:

Каква е поврзаноста меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Чепуњоски?

Зошто не се потпишувал договорот со компанијата која била избрана на тендерот? Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Немаат план, немаат идеја, ништо добро или конструктивно за граѓаните.

Тоа e истата партија заглавена во одбрана на криминалот на Никола Груевски и ширењето лажни вести“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ