(ВИДЕО) Ѓорчев: Рецесија на наталитетот од шокантни 13 отсто во првтиот квартал, Македонија изчезнува и се иселува

Од:

„Вчера имавме можност вам, на македонската јавност да ви ги соопштиме податоците за најлошата демографска година во историјата на Македонија, со најмал наталитет откако има статистика и бројки во Македонија. Ви соопштивме податок, дека падот на родените бебиња во минатата 2018-та година, со оваа влада на Зоран Заев, во однос на 2016-та година – последната година од владата на ВМРО-ДПМНЕ е фрапантни 7.3 проценти.

Значи ова е само водед, а бројките кои што ќе ги кажам се уште полоши, уште позагрижувачки и уште поразителни. Значи она што уште еднаш ќе речам пред малку и вчера го кажавме, тоа е дека 2018-та година беше убедливо најлоша демографска година, најлоша година за наталитетот и родените бебиња во историјата на Македонија“, рече Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Е сега, после 2018-та година доаѓа 2019-та година и ова е најважниот дел од оваа прес конференција.

Почитувани присутни, во првиот квартал од оваа 2019-та година имаме шокантен и катастрофален невиден до сега пад на родени бебиња во Македонија, од шокантни 13 проценти. Имаме рецесија на наталитетот од 13 проценти во првиот квартал споредено со историски најлошата 2018-та година. Значи внимавајте за која катастрофа, за кое иселување, за кој егзодус од Македонија станува збор поради политиките на Зоран Заев и неговите 28 министери. Значи 2018-та година имаме најлошата демографска година во историјата на Македонија, 70 години наназад, а на таа најлоша демографска година во првиот квартал на 2019-та година имаме пад од фрапантни, невидени, шокантни 13 проценти. Тоа е поразително. Тоа е буквално поразително.

Уште еднаш тоа значи дека Македонија умира и Македонија се иселува. Сите. Од сите националности и региони. Си заминуваат луѓето од Скопје, си заминуваат луѓето од Полог, си заминуваат луѓето од источна Македонија, од Пелагонија, Битолско, Прилепско, Охридско, си заминуваат луѓето од Кумановско и Липковско, си заминуваат сите, а најмногу си заминуваат младите“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ