А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Наталитетот драстично опадна во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт

by А1он02/07/2019 - 18:29309
Share1

„Наместо да глуми загриженост, Владимир Ѓорчев да се извини за сите лажни вести што неговата партија и неговиот шеф Христијан Мицкоски со денови ги шират од скапоцениот дворец. Крајно лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за наталитетот во државата кога 11 години со нивните погубни и криминални политики влијаеше повеќе од половина милион граѓани да си заминат што негативно влијаеше и врз стапката на наталитет.“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Дополнително, официјалните податоци потврдуваат дека наталитетот драстично опадна токму во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и кога ја спроведуваше на мерката „трето дете“.

За разлика од голиот популизам и неефикасните мерки на ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ презема реални мерки кои го унапредуваат секојдневниот живот.

Смртноста на новороденчињата е намалена, со новата социјална реформа опфатот за детски и образовен додаток е зголемен за 20 пати повеќе деца, а социјалната помош расте и до 300 отсто.

Следете a1on на Youtube YouTube

Растат платите, се отвораат нови работни места, се повеќе пари завршуваат во семејните буџети на граѓаните. Се преземаат активни мерки за задржување на младите во државата и создавање можности тука да градат семејства и иднина.

Владата преводена од СДСМ останува на страната на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на деструкцијата, лицемерието и лажните вести.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

Катерина Ѓуровски23/06/2026 - 11:54

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Предраг Петровиќ22/06/2026 - 15:35

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:1621/06/2026 - 12:17

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

Горан Наумовски20/06/2026 - 13:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто