Викендов се возеа уште две трки од Алпе Адриа шампионатот,на добро познатата патека Панониа Ринг,во Унгарија.
Нашиот најмлад натпреварувач во брзински моторциклизам Христијан Бузалковски со неговиот 71 Тим уште еднаш успеа да донесе нови бодови.
И покрај тешкиот викенд за Бузалковски кој имаше два пада на тренинзите и на квалификациите и дефектот на почетокот на првата трка, успеа да донесе нови 4 бода, стартувајќи од 22 позиција успеа да се подобри за 10 позиции и трката да ја заврши на 12 позиција , што е најдобар резултат за него во овој шампионат по 13 позиција во Асен минатата трка.