Основниот кривичен суд во Скопје в четврток ќе ја изрече првата пресуда од двете обвиненија за новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа за бесправна градба на викендички во Зелениково за предметот на СЈО со кодно име „Тревник“. Предметот го судеше судијката Марија Клетничка. Објавата е закажана за во 9 часот.
Денеска во судот беа изречени завршните зборови за случајот. Драган Павловиќ Латас, Срѓан Павловиќ и Звездан Павловиќ, се обвинети за кривичното дело „бесправно градење“ затоа што во периодот јули 2011 – јануари 2013 година во Општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, граделе без одобренија за градење издадени од надлежен орган.
Латас и неговата адвокатка ги оспоруваа дел од доказите на СЈО во текот на расправата. На судењето беа изведени докази, меѓу кои и необјавени бомби и фактури, а било изготвено и вештачење.
Доколку биде осуден на Латас му се заканува парична казна или затвор до една година.