Новоизбраниот египетски претседател Мохамед Морси повика за единство и рече дека носи „порака за мир“ во светот.
Во првото обраќање преку државната телевизија, Морси оддаде почит за околу 900-те демонстранти кои загинаа во востанието против Мубарак во минатата година. Според него, „без крвта на мачениците“ немаше да стигне до претседателската фунцкија.
Тој вети дека ќе се почитуваат меѓународните договори на Египет имајќи го предвид мировниот договор со Израел.
„Имаме намера да градиме балансирани односи со сите држави во светот врз основа на взаемни интереси“, нагласи Морси и вети дека ќе биде претседател на сите Египќани.