Мун Џае-ин: Северна Кореја и САД почнаа нова ера на мир

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска изјави дека Северна Кореја и САД „всушност“ ставија крај на непријателските односи и почнаа нова ера на мирот со средбата на Ким Џонг-ун и Доналд Трамп.

Ким и Трамп во неделата се сретнаа во селото Панмунџом, што се наоѓа во демилитаризираната зона помеѓу Северна и Јужна Кореја.

– Тоа беше фактичка објава на прекин на непријателските односи преку дела, посочи Мун.

Според севернокорејските медиуми Ким и Трамп се договориле да постигнат напредок во процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

– Лидерите на двете држави се усогласија да останат во близок контакт во иднина со цел да се обнови и покрене продуктивен дијалог за постигнување на напредок во денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров и во билатералните односи, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Агенцијата наведе дека Ким и Трамп на тет-а-тет средбата разговарале за „прашања потребни за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров“ при „што изразија целосно взаемно разбирање и емпатија“.

Тоа беше трета средба помеѓу севернокорејскиот лидер и американскиот претседател. Трамп и Ким во 2018 година првпат се сретнаа во Сингапур, при што беше нејасно форумулирана денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров, додека втората средба во февруари во Ханој се смета за неуспешна откако не беше постигнат договор за редуцирање на санкциите кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија