Претставата „Том Соер“ и ревија на народни носии на „Скопско лето“

Од:

На „Скопско лето“ вечер од 19 часот Театарот за деца и младинци ќе ја изведе новата претстава „Том Соер“ од Марк Твен во режија на Деан Дамјановски, која премиерно ја прикажа во мај.

Според режисерот Дамјановски, претставата е за „малиот голем човек“ Том Соер, идол на генерации деца кој нè потсетува дека во секој од нас лежи херој и сè што треба за да го разбудиме е да веруваме во себе.

Насловниот лик го игра Бојан Кирковски. Покрај него во актерската екипа се и: Мики Анчевски, Драган Довлев, Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ненад Митевски, Винета Дамческа, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Марија Ѓорѓијовска.

Драматизацијата е на Горјан Милошевски, сценограф е Филип Коруновски, костимограф Елена Вангеловска, а изборот на музиката на Горан Трифуновски.

Од 20.30 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза на денешната програма на „Скопско лето“ е и ревијата на македонски народни носии „Фолклорни допири“ на Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Со концерт на Ори Даган завршува „Скопско лето“

Kонцерт на Киц Поп Хор на Скопско лето 2022