(ВИДЕО) Костадинов: Каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и и дали намерно не се потпишувал договорот?

Од:

Откако издиша лажната вест смислена од кујните на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и се покажа дека нема никаков скандал со местење тендер се отворија низа прашања на кои токму ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да одговорат: Каква е врската меѓу Јанакиески, Мисајловски, Јанушев и Климент – дали овој разговор се објавува за да ги покрие криминалите на Јанушев и Јанакиески?, праша Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Дали некој намерно не се потпишувал договорот, свесно загрозувајќи ја безбедноста, само во обид да предизвика проблем на сегашната Влада? Зошто три дена после состанокот од кој потекнува и снимениот разговор Климент Чепуњовски заминал на пат за Русија? Овие и други прашања ќе треба засегнатите да одговорат пред јавноста но и пред судските органи.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е спремна да шурува со луѓе кои биле подготвени да ја загрозат безбедноста на граѓаните.

Со својот однос ВМРО-ДПМНЕ покажа дека освен лажни вести за друго и не ја бидува, дека воопшто не ги познава процедурите.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека Леонардо е сериозна државна компанија од Италија и дека целата процедура била под надзор на ЕБОР.

Сите тендерски постапки завршиле во 2016 година, но некој одлучил до 2018 година да не го потпишува договорот и со тоа да ја загрози безбедноста на македонското небо, секако и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија.“, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он