Орав: 24-ти декември не беше добар датум во историјата на вашата земја

Од:

Случувањата на 24. декември не беа добри, но јас не верувам дека бојкотот на локалните избори е добар чекор. Мислам дека оваа недела постои мал прозорец на можности за лидерите и за политичките партии да изнајдат решение за излез од политичката криза, порача евроамбасадорот Аиво Орав.

Ако не се изнајде решение оваа недела, нагласи, тогаш значи дека постои голема опасност не само за политичките лидери и политички партии, туку и за граѓаните.

– Се надевам дека локалните избори ќе можат да бидат одржани без никаков инцидент, како што беше случајот со изборите во 2011 година, изјави Орав и искажа задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучи да испрати голема мониторинг мисија за изборите.

– Што се однесува на политичката ситуација во земјата Европската унија во многу наврати ја има појаснето својата позиција. Истото тоа го направивме и вчера вечер заедно со амбасадорот на САД и амбасадорот на ОБСЕ. Сметам дека 24 декември не беше добар датум во историјата на вашата земја и оти сите чинители треба да работат да го направат 24 март како добар датум, потенцира Орав.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски