Возрасните луѓе во Бугарија се меѓу најзасегнатите од сиромаштија и социјална исклучивост во цела ЕУ

Од:

Возрасните луѓе во Бугарија, на возраст над 65 години, се меѓу најзасегнатите од сиромаштија и социјална исклучивост во цела Европска унија, а нивниот дел е 61,1 отсто при просечни 20,5 отсто во ЕУ, покажуваат податоците на Евростат, што се однесуваат на 2011 година.

Европската статистичка служба ризикот од сиромаштија или социјална исклучивост го определува врз основа на најмалку еден од следните три критериуми: Прво, да живее во домаќинство со располижлив доход под прагот на ризик за сиромаштија, што е 60 отсто од просечното национално ниво на расположлив доход; Второ, да живее со големи материјални откажувања (домаќинството не може да си ги плаќа кириите или на време да ги враќа кредитите, доволно да го затоплува своето живеалиште, да ги пресретнува неочекуваните трошоци, да јаде месо, риба или соодветни протеини преку ден, една недела да оди на одмор надвор од домот, да има автомобил, да има машина за перење, да има телевизор во боја или телефон (вклучувајќи мобилен телефон); Трето, да живее во домаќинство со многу ниска работна ангажираност (кога возрасните меѓу 18 и 59 години се искористени помалку од 20 проценти од својот работен потенцијал во текот на изминатата година).

Според истражувањето, по Бугарија, најголем ризик од сиромаштија им се закнува на возрасните во Кипар (40,4 отсто).

Во истото истражување на Евростат е посочено дека во текот на 2011 година 27 проценти од децата во ЕУ под 18-годишна возраст биле засегнати од сиромаштија или социјална исклучивост, имајќи предвид најмалку една од трите погоре набројани критерии.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени