Познањ домаќин на Берлинскиот процес и Самитот на земјите од Западен Балкан

Од:

Берлински процес и Самит на земјите од Западен Балкан годинава ќе се одржи од 3 до 5 јули во полскиот град Познањ. Тоа е иницијатива што поддржува регионална соработка на Западен Балкан и ја дополнува политика на проширување на Европската унија.

Конференцијата организирана во рамките на Берлинскиот процес претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сенк.

Тој додаде целосна европска интеграција е можна само ако граѓаните се вклучени во процесот.

Во процесот се шест партнери од Западен Балкан, Европската комисија, одделни земји на ЕУ, меѓународни финансиски институции, меѓународни и регионални организации.

Полска се приклучи на процесот во 2018 година, а во 2019 година го предводи тој процес.

Претходните самити се одржаа во Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017) и Лондон (2018).

Берлинскиот процес е покренат од страна на германската Влада во 2014 година. На овогодинешната конференција, како што претходно беше најавено ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц во петокот изјави дека е предвидена и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Северна Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски