Ховит утре доаѓа во Скопје

Од:

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, на денешната средба со македонскиот министер за евроинтеграции Фатмир Бесими во зградата на Европарламентот, најави дека утре повтопрно доаѓа во Скопје, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Пред почетокот на средбата во канцеларијата на Ховит, британскито европратеник му соопшти на Бесими дека поради развојот на настаните со политичката криза во Скопје, утре има намера да пристигне во Македонија на средби со политичките лидери.

– Како што одат работите, ако денеска нема некаква промена утре доаѓам во Скопје, му рече Ховит на македонскиот министер за евроинтеграции пред дописникот на МИА од Брисел.

Министерот Бесими денеска освен со Ховит, во европската престолнина ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, но и со Александра Кас-Грање од Директоратот за проширување при Европската комисија и со европратеникот од ЕПП и известувач во сенка за Македонија, Едвард Кукан.

Очекуваното доаѓање на Ховит во Скопје, пак, следи по одложувањето на Комисијата за надворешни работи на ЕП да гласа за неговата Резолуција за Македонија, со цел да се почека разрешница на кризата што во земјата ја наметна СДСМ, а со цел да нема негативен извештај на Европарламентот.

Би можело да ве интересира

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап