(ВИДЕО) Божиновски: Заев и СДСМ вршат политички прогон

Од:

„Зоран Заев и СДСМ вршат политички прогон. Власта ги злоупотребува правосудните институции за шиканирање на политичките противници. Апсењето и притворањето на Димитар Димовски, Дејан Митески и другите опфатени во монтираниот случај е само доказ за стравот на власта од се поочигледниот пораз.

Власта во овој, како и во сите други случаи каде се опфатени луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува мерката притвор, наместо како мерка за обезбедување на присуство, ја користи како мерка за шиканирање и казнување“, рече Игор Божиновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Притворот се изрекува, доколку треба да се обезбеди присуство на некое лице пред органите на прогонот. Опасност од бегство или непојавување во случајот со Димовски и Митески нема. Димовски сам ја вратил сопствената времена патна исправа, а Јанакиески веќе подолго време беше во куќен притвор. Доколку сакале да бегаат немало да чекаат да бидат доведени пред свршен чин.

Сите обвинети во монтираните судски процеси се дел од една хајка која нема врска со правото, туку служи за заплашување.

Последниот монтиран случај нема никаква врска со правото. Ниту е извршено кривично дело, ниту е прибавена противправна имотна корист. СДСМ е веќе трета година на власт и доколку сметале, можеле во секој момент да го вратат земјиштето во посед на државата.

Власта има само за цел да ги малтретира притворените.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира Апелацискиот суд да се надвисне над политиката и да одолее на притисоците. Потребни се одлуки согласно законот, а не како што ќе нареди Заев. Апелацискиот суд треба да ја отфрли мерката притвор или да донесе поблага мерка.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека за сите злоупотреби и кршења на правото ќе следува одговорност со враќање на правната држава и владеењето на правото“, изјави Игор Божиновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски