Филе: Депримира што Македонија не ги почнува прегворите со ЕУ

Од:

Македонија е подготвена за почеток на пристапните договори со Унијата, но депримирачки е кога нема одговор од Европскиот совет, оценува комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе, јави дописникот на МИА од Прага.

Во интервју за порталот „Еуроактив.цз“, на констатацијата дека билатералните односи на Македонија со нејзините соседи, Грција и Бугарија не се одвиваат позитивно, Филе одговара дека „со таква оценка целосно не би се согласил“.

– Во изминатата година, со Поранешната Југословенска Република Македонија водевме неколку рунди на т.н. високо поставен дијалог за пристапување и се обидувавме повторно да го отвориме прашањето. Нема ништо повеќе депримирачко отколку постојано да се кажува дека некоја земја е подготвена за пристапни преговори, но Европскиот совет да не реагира на тоа. Тоа се разбира не е позитивен стимул за земјата, вели Филе.

Еврокомесарот додава дека се направени обиди Македонија да се поттикне во понатамошните напори и констатира дека на „македонската Влада тоа и успеало” и дека во заедничкиот дијалог се посветиле и на билатералните прашања.

– Резултатот на целиот процес ние го резимиравме во нашата оценка во рамки на Извештајот од октомври, каде сугериравме да започнат преговорите со земјата со тоа што отвореното прашање за името треба да се реши во почетната фаза на пристапните преговори, повторува Филе.

Тој додава дека на земјите членки им е укажано дека во рамки на предлогот за мандат на преговорите „постои подготвеност за обезбедување одредени гаранции дека името на земјата ќе биде решено пред завршувањето на преговорите за пристапување”.

Европскиот комесар негира дека економската ситуација на ЕУ влијае на процесот на проширувањето, потенцирајќи дека минатата година Србија стана земја кандидат, започнаа преговори со Црна Гора, а Хрватска започна со процесот на ратификација.

– Оваа година, може да биде многу слична. Прво, не чека проширување на ЕУ со Хрватска. За останатите, Европскиот совет, на крајот на минатата година, релативно јасно ги дефинираше условите и „мапата” за почеток на пристапните преговори со Србија, Поранешната Југословенска Република Македонија и исто така, подготви услови под кои земјите-членки може да одлучат за кандидатскиот статус за Албанија. Поместување има и во развојот на апликациите на Босна и Херцеговина или на Спогодбата за асоцијација со Косово, вели првиот човек на ЕУ за проширувањето.

За Филе, не постои „замор” од проширувањето туку повеќе „замор”  од реформите во кандидатските и аспирантските земји кои наместо да ја искористат историската шанса и да се свртат кон т.н европска агенда, стануваат жртви на домашната политика.

-Тоа е случај на Албанија или Поранешната Југослованска Република, каде внатреполитичките спорови ги ставаат настрана реформите потребни за приближување кон стандардите на ЕУ, оцени еврокомесарот Штефан Филе.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он