Климатските промени и зголемување на температурите се повеќе се закануваат на производството и опстанокот на одредени видови храна.
Поради лошите ефекти од климатските промени би можеле да останеме без медот, чоколадото, грозјето пивото. Незамисливо, но сепак веројанто.
Ситуацијата не е толку алармантна, барем не во поблиска иднина. Но, постои листа на најзагрозени продукти од кои наскоро ќе мораме да се откажеме, сакале или не:
1.Мед – Се повлажните зими и врнежливи лета го спречуваат собирањето на полен, што предизвикува пчелите да гладуваат. Се помал е бројот на пчели во природата. Ова создава проблеми во производството на мед, но и многу видови на растенија би можеле да исчезна бидејќи пчелите играат главна улога во нивното оплодување.
2. Грозје – Промената на климатските услови исто така придонесуваат Франција да ги загубу идеалните услови за производство на грозје. Вистинската температура е од клучно значење за одгледување на грозјето и за производство на вино. Поволната клима влијае на фактот дека вкусот на виното е резултат на рамнотежа помеѓу шеќерот и киселината во грозјето, па ако тоа се одгледува во потоплите клими ќе има потежок вкус, и не ќе се развие овошна арома.
3. Кикиритки – Производството на кикиритки веќе се намали минатата година поради високите температури, и ако се продолжи така може да се очекува путерот од кикирики наскоро да биде сон на Американците
4. Тестенини – Ако температурите продолжат да растат, ќе се намалат количините на пченицата во Италија, дури можно е некои од потребните видови сосема да исчезнат.
5. Кафе – Климатските промени влијаат и на производството на кафето. Црната течност во иднина се помалку ќе биде консумрана од нејзините љубители.
6. Пиво – Причината зошто е пивото на листата на загрозени продукти е недостатокот на вода. Без вода одгледување на клучната состојка – јачменот, е невозможно.
7. Јаворов сируп – Се пократкиот циклус на ладното време му попречува на јаворовото дрво да го складира шеќерот во својот корен.
8. Чоколадо – Ако земјоделците во Гана и Брегот на Слоновата Коска, главните производители на слаткото задоволство, набргу не се прилагодат на високите температури, чоколадото ќе стане луксуз.