Заврши првиот работен ден од Самитот Г-20

Од:

Првиот ден на Самитот Г-20 заврши со свечена вечера на шефовите на држави или влади на 20 најразвиени држави во светот. Претходно заврши собирот за дигитална економија.

Очекувањата од Самитот во јапонскиот град Осака беа дека на него ќе доминираат разликите – од острите и јасни разлики во трговската војна меѓу САД и Кина до оние посуптилните, како што се различни ставови за климатските промени и тензиите во Заливот.

И покрај кинеските предупредувања да не се отвора прашањето за неодамнешните протести во Хонг Конг, јапонскиот премиер Шинѕо Абе му порача на кинескиот претседател Си Џинпинг дека за „слободен и отворен Хонг Конг важно е да просперира во рамки на политиката една земја, два система“. Јапонски функционери велат дека Абе го потсетил Си на важноста на гарантираната слобода, човековите права, владеењето на правото и другите универзални вредности поради загриженоста околу предложениот закон во Хонг Конг, со кој се овозможува испорачување на осомничени лица за кривични дела на Кина.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го нападна рускиот претседател Владимир Путин поради тоа што во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека либерализмот е застарен.

– Ние овде како Европејци цврсто и недвосмислено ја браниме и промовираме либералната демократија. Она што го сметам за застарено се: авторитарност, култ на личност, владеење на олигарси. Дури и ако понекогаш изгледаат ефикасни, потенцираше Туск.

Уште еден камен на препнување за светските лидери може да бидат и климатските промени.

– Европската унија ќе ја блокира изјавата на Г-20 доколку ретерира во однос на претходните ветувања во врска со климатските промени, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

– Навистина мислам дека ни е потребна силна изјава за климатските промени, изјави Јункер непосредно пред Самитот и додаде дека ЕУ не би прифатила разводнување на климатските цели кои беа прифатени на минатогодишниот самит Г-20 во Буенос Аирес.

Што се однесува на американско-конеската трговска војна, претседателите Си Џинпинг и Доналд Трамп утре, на маркините на Самитот, ќе остварат средба. Експертите се поделени околу тоа дали воопшто е можен договор меѓу Трамп и Си.

Г-20 е неформален форум на кој присуствуваат шефови на влади или држави од 19 најразвиени земји во светот и Европската унија.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Инаугурацијата на Трамп: Огномет, имитатор на Елвис Присли и нешто невидено во последните 40 години

Предраг Петровиќ

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ