ЕКСКЛУЗИВНО: Светскиот медиум и астролог Мустафа Клч за А1 открива-наредните 5 години пресудни за Македонија

Од:

Мустафа Клч, еден од најпознатите светски медиум астролози во ексклузивно интервју за А1 вели дека до 2017 година , Македонија ќе се соочува со сериозни проблеми. Наредните пет години ќе бидат пресудни за државата, а после тоа земјава ја очекува добра иднина.

Во 2017 година, според него, Македонија ќе има право на глас во Европската Унија. Во однос на спорот со Грција за прашањето за името тој вели дека земјава нема да го смени уставнот име, нема да има никаква додавка или придавка на името и дека за тоа ќе се решава на голема меѓународна конференција.

37-годишниот Клч е од Турција, и за прв пат е во посета на Македонија. Работи за ФБИ на база на тајна соработка, а соработува и со речиси сите познати глумци во Турција.

Една година пред да се случат го имал предвидено уривањето на кулите близначки во Америка, последниот голем земјотрес во Турција, како и земјотресите во Кина и Јапонија.

Вели оти Македонија не ја очекуваат никакви природни непогоди барем во наредните 4 години. Во 2014 година во Германија започнува снимањето на филмот Скриени сили, кој ќе зборува за неговиот живот.

Сценариото е негово а, покрај тој во филмот ќе играат и неколку познати светски глумци. Филмот ќе се снима во 14 држави. Инаку Клч е лиценциран астролог и меѓу најбараните на земјината топка.

Целото интервју во кое Клч открива кои се пријатели и непријатели на Македонија и што ќе се случува во земјава, со него ќе го проследите утре.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Муртезани: Одличен е моментот како земја брзо да чекориме кон полноправно членство во ЕУ

Горан Наумовски

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил