Министерот Бесими во Брисел на средби со Филе, Ховит и Кас-Грање

Од:

Новиот министер за евроинтеграции Фатмир Бесими, денеска ќе се сретне со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе со цел да разговараат за исполнувањето на задачите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), подготовката на Европската комисија на пролетниот извештај за Република Македонија и за актуелната политичка криза и бојкотот на опозициската СДСМ.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, освен со Филе, во рамки на својата еднодневна посета на европската престолнина, Бесими ќе се сретне и со известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Ричард Ховит и со Александра Кас-Грање, која е раководител на Б-одделението во Директоратот за проширување каде се наоѓа македонското досие.

Средбата на Бесими со Ховит е исто така важна поради тоа што Комисијата за надворешни работи на Европарламентот го одложи гласањето за Резолуцијата на ЕП за Македонија во однос на октомврискиот извештај на Комисијата. Со Кас-Грање, пак, Бесими се очекува исто да разговара за техничките детали од ХЛАД-от и Специјалниот извештај за Македонија што ЕК се очекува да го објави на 27-ми април.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина