САД и Хрватска наплаќаат поскапо за монетите од самата нивна вредност

Од:

Производството на една куна, хрватите ги чини 3,29 куни, известуваат хрватските медиуми.

На веб страницата на хрватскиот монетарен институт пишува дека една монета од една куна се состои од 65 отсто бакар, 23,2 отсто никел, 11,8 отсто цинк, а тежината на монетата е пет грама. Додека на страницата на Хемиско-технолошкиот факултет во Сплит е наведено дека цената за 500 грама на чист бакар е 26,10 евра, на цинк 39,60 евра и на никел 96,60 евра.

Според пресметките објавени на хрватскиот портал „Пословни“, цената, без вложен труд за обработка, за една куна е 3,29 куни.

Во Америка постои истиот проблем, затоа американските власти веќе анализираат како да се намали цената на производството на своите монети. Кај нив, за производство на еден цент се потребни 2,4 центи.

Федералниот оддел за буџет и финансии најави дека во 2013-та година на производство на монети ќе заштедат 57 милиони долари, и тоа со поевтинување на составот за производство.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува