Фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија под покровителство на Општина Гевгелија ја организира и е домаќин на 18. Меѓународна ликовна колонија која ќе трае до 4 јули.
На колонијата годинава учествуваат десет уметници од Бугарија, Грција, Србија и од Северна Македонија, кои во прекрасен амбиент, топла и пријатна атмосфера, создаваат нови уметнички дела инспирирани од градот и неговата живописна околина.
Изработените дела ќе бидат презентирани пред јавноста на завршна изложба, а потоа ќе бидат дел од богатата ризница на фондацијата „Аполонија“, заедно со сите дела изработени во минатите изданија на оваа традиционална меѓународна ликовна колонија.