Уапсени Јанакиески, правобранител, службеници, нотари за проневера на пари

Од:

По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција утрово полицијата уапси десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески.

Станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште  со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра, дознава „А1 он“.

Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има  сопственик на фирма и државен правобранител. Обвинителството ги товари за злоупотреба на службената положба и овластување и за несовесно работење во службата.

Станува збор за незаконско постапување за градба на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера била извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје.

Еден осомничен досега не е пронајден. Останатите се изведени пред судија на претходна постапка и се очекува да почнат рочиштата за притвор.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Две лица приведени во Дебар поради предизвикување пожар

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Генералот Кувшинов е уапсен под сомнение за кражба на повеќе од 57 милиони рубли

Апсења за насилство и нерегистрирани собири во Врбас, Нови Сад и Белград

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката