А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците

by А1он27/06/2019 - 16:31251
Share0

ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години ги потценуваше, малтретираше и уценуваше земјоделци, денес продолжуваат со лицемерие кон земјоделците и лажна грижа за земјоделството, реагира СДСМ на прес конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Цветан Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека каналите за наводнување се под надлежност на АД Водостопанство, кое што беше формирано токму во време на ВМРО-ДПМНЕ но подоцна се испостави дека таквиот модел не може рационално да функционира.

За разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон земјоделството, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство покажуваат вистинска гриѓа за земјоделците и ги решаваат сите наследени проблеми од неодговорното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Во последните две години, капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура беа клучен приоритет. Започнатите крупни капитални инвестици во водостопанската инфраструктура ќе обезбедат навремена достапност до вода за наводнување, а со проектите кои се завршени и се во тек ќе се обезбеди наводнување на нови 32.500 хектари.

ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и како се спроведуваат политики кои го унапредуваат земјоделството кое е една од клучните стопански гранки.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен