Русија: Економскиот план на САД за Блиски Исток е контрапродуктивен

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека американскиот економски план за Блиски Исток во висина од 50 милијарди долари е контрапродуктивен.

Економскиот план предвидува создавање на глобален инвестициски фонд за унапредување на палестинската економија и економијата на соседните арапски држави и изградба на транспортен коридор кој ќе ги поврзува Западен Брег и Појасот Газа.

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) вчера го одби американскиот економски план оценувајќи дека истиот нема политичка визија, поради што е осуден на неуспех.

ПЛО тврди дека САД со економскиот план „само ќе продолжи заробеништвото на Палестинците“.

Економскиот план за Блиски Исток вчера беше претставен на конференција во Бахреин, а ПЛО ја обвини Белата куќа дека го искористи собирот како покритие за настојувањето на Израел да ги нормализира односите со арапските земји и да ги подигне своите населби на окупираниот Западен брег.

ПЛО во соопштението истакна дека мирот не може да биде постигнат се додека не заврши „израелската окупација и економската доминација“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте