(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Извештајот на ГРЕКО значи дека корупцијата е присутна на секое ниво во МВР

Од:

„Извештајот на ГРЕКО покажува дека владата е вистински режим. Нерасчистени убиства, грабежи, запалени автомобили, луѓе кои се малтретирани од страна на носители на јавна функција се само мал дел од криминалите кои станаа наше секојдневие под власта на Заев и Спасовски. Криминалот го констатираше и ГРЕКО во нивниот овогодишен извештај.

Во извештајот на ГРЕКО се потенцира дека се гледа силна потреба да се деполитизира полицијата во Република Македонија.

Полицијата повеќе од две години не реагира кога станува збор за функционери од власта.Тие се заштитени и можат да хараат низ државата, вршејќи криминал“, рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски и Заев ја претворија полицијата во дувло на криминалот и корупцијата. ГРЕКО посочува дека полицијата се смета како една од најкорумпираните институции.

Во извештајот се вели дека сообраќајната полиција, граничната полиција, организационите единици одговорни за сузбивање на криминалот и корупцијата, како и јавните набавки се издвојуваат како најподложни на корупција.

Имено МВР ја спроведе сомнителната јавна набавка на полициски возила во вредност од 1 милион евра, кои беа платени далеку над продажните цени, а само нешто подоцна го распишаа и огласот за давање лиценци за возачки испитни центри кои завршија во рацете на тазе формирани фирми од страна на лица блиски на власта.

Извештајот на ГРЕКО значи дека корупцијата е присутна на речеси секое едно ниво во МВР.

Во извештајот се посочува и нетранспарентноста на МВР како и потребата од зголемување на транспарентноста и подобрување на пристапот до информациите.

Спасовски и Заев ја уништија службата и со секој поминат ден полицијата станува се поголем заштитник на криминалот и корупцијата. Ова мора да го смениме. Нашите граѓани сакаат и заслужуват полиција која ќе биде служба за зачувување на јавниот ред и мир, и никако поинаку“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски