ВИДЕО: Заев ги убедува пратениците дека новите министри имаат добри биографии

Од:

Во Собранието продолжи 103. седница на која се очекува да бидат изгласани новите министри во Владата на премиерот Зоран Заев.

Тој од собраниската говорница ги убедуваше пратениците дека предложените имиња за министри имаат добри биографии.

За Садула Дураки, кој е предложен за прв човек во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Заев не се осврна на критките за тоа што тој навел дека „знае експлорер“, туку единствено кажа дека ќе раководи со новоформираното министерство, со кое ќе се заокружи процесот на Рамковниот договор.

„За министер за животна средина го предлагам Насер Нуредини. Има висока едукација во бизнисот и економијата особено во грин економи“, рече премиерот.

За нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство предложен е Трајан Димковски.

Ако биде изгласан со Министерството за култура ќе раководи Хусни Исмаили, додека со Министерството за локална самоуправа Горан Милевски.

Вчера беа разрешени досегашните министри за финансии и за локална самоуправа Драган Тевдовски и Сухејл Фазлиу, како и министерот без ресор задолжен за Рамковниот договор Хазби Лика, а премиерот го повлече предлогот во исто време да биде и министер за финансии.

Заев ќе раководи со Финансии сé до изборот на нов министер.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка