Изложбата на слики на ликовниот автор Стеван Цигаридов, по повод 45-годишниот јубилеј ќе биде отворена вечерва, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Изложбата, што ќе биде поставена до 10-ти јули, опфаќа дваесеттина дела од повеќегодишната ликовна продукција на авторот во која доминираат неговите понови дела изработени во последните неколку години.
-Изборот на сликите за оваа 45 -та јубилејна изложба сам ги избра за да може на ликовната публика да му го престави поконтинуирано движењето на повеќегодишното творештво, напишa меѓу другото академик Васко Ташковски.
Историчарот на уметност, Роберт Цветковски ги повика кумановци да ја проследат изложбата на Цигаридов, за кого рече дека е ликовен автор со повеќегодишен континуитет во творештвото со јасен сликарски израз кој се развивал последниве 40-тина години.