Меркел и натаму се залага новиот претседател на ЕК да се бира меѓу „водечките кандидати“

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека и натаму останува на ставот дека идниот претседател на Европската комисија треба да се избере меѓу т.н. „водечки кандидати“ што за оваа функција ги предложија европските партии пред мајските избори за Европарламентот, иако признава дека таквиот принцип ќе биде тешко применлив имајќи ја предвид поделбата меѓу европратениците.

– Имаме заедничка одговорност за Европа. Се надевам дека ќе можеме да дојдеме до решение што нема да го отфрли принципот на „водечките кандидати“, но кое во исто време ќе и овозможи на Европа да биде ефикасна. За такво нешто секако ќе мора малку да се потрудиме, нагласи Меркел.

Поаѓајќи од принципот што го застапува Меркел, за нов претседател на Еврокомисијата би требало да биде избран Германецот Манфред Вебер кој беше „водечки кандидат“ на Европската народна партија (ЕПП), која има најголем број пратеници во Европарламентот.

Меркел, сепак призна, дека сите членови на Европскиот совет не го делат нејзиното мислење околу принципот на избор на новиот прв човек на Еврокомисијата.

– Ние многу ги цениме француско-германските односи и мораме да прифатиме дека претседателот на Франција има поинаков став од мене (за ова прашање), додаде Меркел.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани