(ВИДЕО) Милошоски: Само во Белизе премиерот е и министер за финансии и е најспомнуван за корупција

Од:

Само во Белизе премиерот е и министер за финанансии и е најспомнуван за криминал и корупција, рече пратеникот Антонијо Милошоски.

Милошоски потенцира дека во случај на болест или поради спреченост од друга причина, законот предвидува заменик-министерот да го менува министерот.

„Ако Заев сака да е блиску до парите и да прави едно евро за некого едно евро за секого, треба да го разреши и заменик-министерот за финансии. Еден премиер кој самиот не знае дека не може да се предложи и за министер покажува дека е нефункционионален. Доколку утре потпишува документи од Министерството за финансии тоа ќе биде злоупотреба на службената положба“, рече Милошоски.

Премиерот Заев ги негираше обвинувањата на Милошоски и во контрареплика му порача дека веќе еднаш го победил на суд.

„Не знам од каде толку знаете за Белизе, но очигледно познато ви е од некаде“, возврати Заев.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут