Мицевски: Наместо да чуеме зошто се разрешени министрите слушаме како блеска владата

Од:

Наместо да чуеме зошто се разрешени министрите, слушаме како блеска Владата, изјави координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната седница во Собранието на која се очекува да бидат изгласани новите министри.

„Толку од транспарентноста и желбата за разговор со опозицијата. На првата расправа се направи обид опозицијата да биде замолчена и да не може да дискутира. Седницата доцни 4 часа. Точката за разрешување министри и експозето на премиерот е како платена политичка програма на Заев. Чувме како блеска владата, а не зошто се разрешени министрите“, рече Мицевски.

На Заев му порача да го погледне членот 13 од Законот за Влада и додаде дека министерството за финансии има заменик-министер за финансии.

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи