Црвенковски: Никогаш повеќе ароганција. СДСМ ќе биде или со народот или ќе не нема

Од:

Црвенковски од протестниот митинг во Куманово, вети дека СДСМ нема веќе никогаш да се оддалечи од граѓаните.

„Никогаш повеќе ароганција. Или ќе бидеме народна партија, или ќе не нема.Куманово е сино, портокаловата преродба никогаш не успевала и нема да успее во Куманово“, рече Црвенковски.

„За 6 години , фрлија 350 милиони евра за камења и мермер, 100-тина милиони евра за лечење на фрустрациите со реклами за перење мозок. Има ли некој што мисли дека ова што се случува е правилно и добро. Сите политики им доживеаја пораз.Власта не им се испушта, па ако треба и потоп нека биде, рече лидерот на СДСМ.

СДСМ, порача, е чуварот на вербата на народот, и од таму е стравот на ВМРО-ДПМНЕ.Го праша Груевски што тие направиле за 6-те години власт.

СДСМ, одговори на обвинувањата, направи држава со сите нишани.

Денес, рече Црвенковски, е држава во која царува сиромаштијата и криминалот, има наместени тендери, рекетари во министерските фотелји.

Го праша Груевски кој бизнис го делел со Бајруш Сеидиу, па со Јанкуловска му дал благодарница, и за кој бизнис не се разбрале, па затоа и го уапсиле.

Државата пропаѓа , а тие се бават со демократизација на опозицијата, рече лидерот на СДСМ на митингот во Куманово.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра