(ВИДЕО) Арсовски: Наместо да организираат спектакуларни акции, да го запрат уништувањето на Охрид

Од:

„Зоран Заев и криминалниот картел на власт глумат правна држава, а всушност се директни поддржувачи и иницијатори на беззаконие, самоволие и криминал.

Наместо да организираат спектакуларни акции, доколку навистина сакаат да го спроведат законот тогаш треба да го запрат уништувањето на Охрид на кое му кумуваат градоначалникот Константин Георгиевски и неговиот политички ортак, Нефи Усеини“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со месеци надлежните институции со прст не мрднуваат за изградбата на нелегалната тераса сред Охридска чаршија до чинарот, но и не мрднуваат со прст за изградбата на нелегалната бетонска база која што никна на самиот брег на Охридското крајбрежје. Да беше тутун насаден од некој земјоделец досега сигурно ќе испратеа специјални сили со полна воена опрема, вилушкари, камиони, багери и разновидна механизација, но кога се работи за човек со кој се во директен политички пазар тогаш молчат и со тоа го охрабруваат да направи уште некоја нелегална градба сред Охрид.

Ова се двојните стандарди на криминалниот картел на Зоран Заев, без разлика дали е на централно, дали е на локално ниво. Тие двојни стандарди значи дека овој криминален картел нема врска со владеењето на правото и правната држава.

Повикуваме уште еднаш да се одважат и охрабрат надлежните институции и соодветно да реагираат и да го санкционираат ова беззаконие на советникот Нефи Усеини. Зоран Заев е на колена и не смеат да му дозволат тој и неговите бизнис-политички партнери криминално да се богатат на сметка на интересите и на народот“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски