Цената на нафтата падна поради Италија

Од:

Утрово падна цената на нафта, по неизвесниот завршеток на изборите во Италија кој влијае врз стабилност на државата и закрепнување на еврозоната, наведуваат аналитичарите.

Нафтата за ориентациона испорака во април, во електронскиот бизнис на Њујоршката берза падна за 65 центи, на 92,46 долари за барел.

Европската марка „брент“ која се користи за одредување на цената, на различни видови на странска нафта, се намали за 79 центи на 113, 65 долари за барел.

Неизвесните избори во Италија станаа трн за широкиот глобален пазар, создавајќи паника дека неодамна започнатото закрепнување на еврозоната може да биде загрозено – наведува конслутантската куќа ИГ маркет од Сингапур.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот