Груби се откажа од учество во Комисијата за избор на работници од УБК

Од:

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби со допис соопшти дека поради, како што вели, преголеми други обврски не е во можност да учествува во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање.

На денешната седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, пратеникот на ДУИ Груби, заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Димков, беше предложен да учествува во работата на тоа тело.

-Во врска со заклучокот на Комисијата во кој сум предложен да учествувам во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање, поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во можност да учествувам во работата на оваа Комисија, пишува во писмото на Груби до претседателот на Собранието и до претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Комисијата денеска ги избра членовите Димков и Груби кои, како што рече претседателот на Комисијата Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии.

Би можело да ве интересира

Димитриев: Го информираве ЈО дека по згаснувањето на УБК дел од наредбите прекинати, дел продолжиле

Ана Ололовска

Три години затвор за поранешниот главен оперативен работник во УБК

Васко Маглешов

ВИДЕО: Вработен во УБК призна вина за злоупотреба на касата во тајната полиција

Васко Маглешов

Димовски ќе реферира пред надзорната комисија за преземањето кадри од поранешна УБК

Ана Ололовска

Спасовски: За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Димовски: УБК заминува во историјата, денеска е првиот работен ден на Агенцијата за национална безбедност

Ана Ололовска