(ВИДЕО) Попов: Како тргнало Шилегов ќе го прогласат и за градоначалник кој најмногу украл

Од:

„Петре Шилегов граѓаните го прогласија за градоначалник кој досега најмалку сработел, а како тргнало ќе го прогласат и за градоначалник кој најмногу украл. По плаќањето на адвокати со астрономски суми од касата на ЈП Водовод и канализација, градот одвои над половина милион евра за одржување на фонтаните кои подолг период не ги има пуштено.

Имено неколку фонтани во центарот на Скопје оваа сезона останаа не пуштени, а градот распиша тендер за одржување на фонтаните од над половина милион евра. Петре Шилегов преку ЈП Водовод и канализација на сметка на фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје ќе префрли 580.000 евра за одржување и набавка на резервни делови, кои властите тврдеа дека се украдени“, рече Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта тврдеше дека од фонтаните се украдени делови од 60.000 евра, но сега сумата која се наплаќа за одржување и резервни делови е десеткратно поголема. Колкава е вистинската штета која е причинета и дали штетата е само изговор да се реализира милионски бизнис?

Шилегов мора да одговори колку го чини градот украдената опрема од фонтаните и кој ќе ја плати? Дополнително дали зад кражбата стоеше бизнис интерес за склучување на над половина милионски договор за одржување на фонтаните?

Дали зад одржувањето на фонтаните се крие уште една матна зделка? Дали буџетот на скопјани наместо за креирање на нови добра се користи за полнење на сметки на фирми и поединци блиски до СДСМ?

Расипништвото мора да запре. Граѓаните мора да знаат каде заминува секој денар. Скопјани заслужуваат со нивните пари да се одржува и создава подобро хортикултурно уредување“, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ