Ракометарите на Металург вчера во „небитен“ натпревар го демолираа данскиот Силкеборг, но она што остави сенка на триумфот на нашите ракометари беше повредата на Дејан Манасков, кој лошо нагази по еден удар и беше изнесен од теренот.
Денешните прегледи покажале дека младиот ракометар на Металург и на македонската репрезентација ги скинал предните вкрстени лигаменти на коленото, која е една од најтешките повреди кај некој спортист. Сепак поради младоста на Манасков, но и со правилна терапија тој ќе отсуствува од терените 6 месеци.
Ова е шокантна вест за стручниот штаб на Металург, бидејќи ќе останат без еден од најдобрите играчи во тимот и мора да реагираат брзо бидејќи преодниот рок завршува на 28. февруари.