Полска ја избегнува еврозоната

Од:

Варшава- одлуката за преминување на Полска во еврозоната треба да ја донесе новата Влада по изборите во 2015 година.

На специјалната седница на Владата е договорено Полска да избере пристап и да се погрижи да ги исполни критериумите од Мастрихт, неопходни за влегување во еврозоната, а потоа да одлучува за датумот.

„Исполнување на критериумите од Мастрихт е напор кој вреди сам по себе, независно дали ќе влеземе во еврозоната тој е од голема корист за полската економија. Економијата нема корист од смислување на чудесни начини за влез во еврозоната, само за да се зацврстат одредени политички позиции, треба да се води сметка и за јавното мислење“, ја пренесува Б92 изјавата на полскиот претседател Бронислав Коморовски.
Коморовски објаснува дека треба да се откажат од одредувањето на рок до кога Полска би требало да влезе во еврозоната.

„Важно е со заеднички напори да ги увериме полјаците да ги прифатат придобивките од евроинтеграциите, а не да ги плашиме“, изјави Коморовски и додаде дека ќе направат напори кон патот во еврозоната да ја приклучат и опозицијата

„Треба да бидат реални и најголемите ентизијасти кои сметаат дека уште утре Полска треба да влезе во еврозоната. Полското насочување кон еврозоната е програмско и се одвива полека, а целта е безбедноста на полјаците“ ја пренесува Б92 изјавата на премиерот на полска Доналд Туск.

По она што го кажа полскиот премиер,  во изборната 2015 година кога полјаците ќе бираат нов парламент и нов претседател на државата, е добар момент да се соопшти дека Полска е спремна и ги исполнува критериумите за влез во еврозоната. Ова е пред се заради буџетскиот дефицит и за да нема од што да се срами пред другите земји во еврозоната.

Полскиот министер за финансии Јацек Ростовски има потврдено дека очекува ситуацијата со јавните финансии во 2015 и 2016 година да и го овозможи на Полска преминот во евра.

Меѓутоа Ростовски нагласува дека еднакво важна ќе биде проценката дали влезот на Полска во еврозоната ќе и биде од корист на државата, и дали нема да и ги донесе проблемите со кои се соочија другите недоволно подготвени членки.

Би можело да ве интересира

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази

Хавковски: Зеленски сака Полска да соборува ракети над Украина