Полициска контрола викендов во Скопје: 183 лица возеле со поголема брзина

Од:

Полициската контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје во изминатите три дена (21-23 јуни) утврдила дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти МВР, од сообраќај се исклучени 94 возачи, од кои 31 возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 56 возачи затоа што немале право за управување моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници. Од сообраќај се исклучени и 46 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 30 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и пет возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.

Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 129 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози