Македонскиот ракометен првак Металург на денешната ждрепка за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите го доби белорускиот Динамо Минск.
Првиот меч ќе се игра од 13-17 март во Минск, додека реваншот е од 20-24 март во Скопје, во салата „Борис Трајковски”.
Иако постоеше можност во Скопје да допатува нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, со неговиот Атлетико Мадрид, сепак ждрепката сакаше тој да се сретне со Берлин. Добро е што Металург го избегна најсилниот можен противник – рускиот Чеховски Медведи, тим кој ќе се сретне со германскиот Кил.
Преостанати двојки од осминафиналето: Силкеборг – Барселона, Адемар Леон – Веспрем, Сегед – Киелце, Целје – Хамбург, Кил – Чеховски Медведи, Атлетико –Берлин.